Интересен момент во ЛШ: Постигна хет-трик против тимот предводен од татко му

650

Копенхаген славеше до 6:3 на реваншот против Бредаблик и се пласираше во 3.квалификациско коло од Лигата на шампионите. Интересно, три гола за Копенхаген постигна исландскиот репрезентативец Оскар Оскарсон (прв негов хет-трик во кариерата) со што беше еден од најзаслужните за елиминацијата на исландскиот шампион кој е предводен од неговиот татко Оскар Храфн Торвалдсон.

Инаку Торвалдсон го „лансираше“ својот син во професионалниот фудбал на само 13 години во тимот на Грота во 2018 година. Пет години подоцна Оскарсон одигра перфектен меч против исландскиот првак нанесувајќи му катастрофален пораз.

ПретходноЛШ: Галатасарај со прекрасен волеј на Мертенс го елиминира Жалгирис (видео)
СледноЛео ја “запали“ Флорида: Меси со нови два гола за Интер Мајами! (ВИДЕО)