Проблеми за селекторот Јончевски, Ефремовски со мини – фрактура, повреден е и Младеновски!

263

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација продолжува со своите тренинзи во пресрет на преддолимписокиот турнир во Талин. Се работи нормално, но сепак селекторот Александар Јончевски се соочува со сериозни проблеми.

Имено поради повреда,мини – фрактура, отпадна Виктор Ефремовски. Кошаркарот на Гостивар ќе мора да паузира најмалку еден месец, што значи дека веќе на него не може да се смета.

Инаку и тоа како “виси“ настапот на Љубомир Младеновски, кој пак се жали на болка во пределот на грбот. Допрва следуваат деталните лекарски прегледи и по нив ќе се знае дали кошаркарот на МЗТ Скопје и натаму ќе биде дел од селекцијата.

ПретходноРистовски и Динамо славеа и во Астана, сега на ред е АЕК!
СледноАрслан не беше на пресот а Шкупи со порака од Софија: Овде не дојдовме на екскурзија!