РК Алкалоид се пресели во Маврово

128

Ракометниот клуб Алкалоид ја зврши првата фаза од подготовките летово, а втората ќе ја одработи во Маврово.

Екипата е веќе во нашиот познат туристички центар кој нуди одлични услови за подготовки на спортките екипите во летниот дел од сезоната.

Ќе се стави акцент на физичката подготвеност, ракометарите ќе тренираат во планинскиот центар, а потоа ќе започнат и со играње контролни натпревари. Предвидено е тимот да настапи на турнирот во Струга (16-20 август), а потоа ќе оди на завршни подготовки во Хрватска, каде што ќе одигра серија контролни натпревари.

ПретходноРистовски и Динамо по потврда кај Астана
СледноКаде можете да го гледате дуелот меѓу Норвешка и Македонија (ЛИНК)