Струга ТЛ не знае што е пораз кога игра на гости во Европа!

286

Сеуште не стивнуваат импресиите од синоќешната голеда во Подгорица на која Струга ТЛ како гостин успеа со 4:3 да го победи Будуќност во реванш мечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Па така со вкупни 5:3, нашиот шампион си обезбеди место во третата рунда во ова натпреварување каде ќе ги одмери силите со Есперанж од Луксембург. Покажа како се игра во Европа, а не како некои други кои се осрамотија себе, клубот и мак-фудбалот по онаа бламажа во Велс.

Интересно, ова беше трет меч во фудбалска Европа за Струга ТЛ и сеуште нема доживеано пораз. Нешто што е тешко засмисливо за нашите клубови.

Имено стружани на првото гостување во Европа, во таа 2021 кај Лиепаја одиграа 1:1, потоа пред две недели кај Жалгирис беше 0:0 и еве сега во Подгорица триумф од 4:3.

Да се надеваме дека традицијата ќе продолжи и во Луксембург на 17 август, дека Струга ТЛ и кај Есперанж нема да биде поразена.

Инаку медиумите во Црна Гора се пишува дека Струга ТЛ е далеку посериозен тим, дека знаела што сака, дека тактички одиграла на далеку повисоко ниво од нивниот Будуќност, дека заслужено оди натаму и дека тие немаат во нападот такви играчи како Радески и Ибраими.

ПретходноЏиџи објави дека е готово: Тоа е се, народе! (ВИДЕО)
СледноРаспадори во Наполи до 2028 година