Тренерот на Левски: Се надевам дека нема да има инциденти!

176

Попладнево на прес со свој коментар за утрешниот меч со Шкупи, излезе и стратегот на Левски Софија, Николај Костов.

Познато е дека на првиот меч во Скопје неговиот тим победи со 2:0, ама сето тоа беше во втор план ако се знае дека имаше и тоа какви инциденти пред и за време на мечот во Скопје.

Јас не можам да влијаам на нашите навивачи, но се надевам дека нема да им инциденти. Треба да покажат добри манири. Сигурен сум дека и нашите играчи ќе бидат дисциплинирани и ќе покажат почит, што тоа не го видовме во Скопје. Мило ми е што трибините на стадионот ќе бидат исполнети. Не смееме да го потцениме Шкупи, но мораме да биде прагматични“ посочи покрај другото Костов.

ПретходноАрслан не беше на пресот а Шкупи со порака од Софија: Овде не дојдовме на екскурзија!
СледноКадетите поразени од Норвешка во драматичен финиш