Челзи се пофали со четвртото засилување летово

186

Досегашниот играч на француски Рен, Лесли Угочукву е четвртото засилување за тимот на Челзи летово. Клубот официјално се пофали со играчот за врска кој што го плати 27.5 милиони евра.

Младиот фудбалер потпиша седумгодишен договор со опција истиот дури да биде продолжен за уште една.

Тимот од Стемфорд Бирџ претходно се засили и со Кристофер Нкунку, Николас Џерксон и Анџело.

Угочукву на 17.години дебитираше за Рен и одигра веќе седумдесетина мечеви за клубот. Иако има потекло од Нигерија, тој е младински репрезентативец на Франција.

 

ПретходноЧуамени е мајстор на терен, но е маестро и на клавир (ВИДЕО)
СледноЛацио потврди, Сари останува тренер и следната сезона