Шампионот на Фарски Острови испиша историја во ЛШ

639

Шампионот на Фарските Острови, КИ Класквик го запиша најголемиот успех на клупскиот фудбал на оваа островска држава со тоа што стигна до 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Класквик направи чудо елиминирајќи го Ференцварош во претходното коло и тоа со онаа убедлива победа од 3:0 во Унгарија, а сега го елиминира шведски Хакен.
Првиот меч заврши 1:1, вечерва мечот имаше драматична завршница
Во регуларниот дел беше 2:2, во продолженијата Хакен поведе со 3:2, но гостите изедначија на 3:3 и се прејде кон изведување на пенали. А таму гостите славеа со 3:4 и отидоа во 3. коло каде што за противник го имаат норвешки Молде.

Во случај да не го помине Молде, тогаш Класквик има загарантирано место во групите од Лигата на конференциите и со тоа ќе биде првиот клуб од Ф.Острови кој заграл во групи на едно европско клупско натпреварување.

СЕРВЕТ ГО ЕЛИМИНИРА ГЕНК
Швајцарски Сервет исто така е патник во 3. квалификациско коло откако беше подобар од белгиски Генк. На првиот меч немаше победник (1:1) и вечерва исто така (2:2) па се премина кон изведување на пенали. Белгијците промашија два, а гостите ги погодија сите четири удари од белата точка и изборија место понатаму (1:4).
Во наредната рунда Сервет ќе игра со шкотски Ренџерс.

Во следната фаза се пласира норвешки Молде по елиминацијата на Хелсинки. Вечерва Норвежаните победија со 2:0 и го надополнија поразот од 1:0 на првиот меч во Хелсинки.
Понатаму оди и Макаби Хаифа откако го елиминира Шериф како и Копенхаген кој го исфрли исландски Бредаблик.
Претходно пласман во 3. коло изборија Динамо Загреб и полскиот шампион Раков.

 

ПретходноПродажбата на Манчестер Јунајтед во моментов е со „статус кво“
СледноФеникс 2010 ја засили крилната позиција со Џо Рис