Она што се најави вчера, денеска и се оствари. Легендарниот голман Џиџи Буфон и официјално објави дека се простува од фудбалот и тоа на 45 години.
Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, беше член на Парма, Јуве и ПСЖ, а за Италија одигра 176 мечеви со специјално видео на своите социјални мрежи објави дека …Тоа е се, народе. Ми дадовте се, јас ви дадов се“.
Буфон имаше фантастична кариера која траеше 28 сезони, уште како многу млад застана на голот на Парма. Освои се што можеше да се освои, беше со Италија и светски првак во 2006 година на Мундијалот во Германија, остана жал дека сепак не успеа да ја освои Лигата на Шампионите, никогаш.
Gianluigi Buffon announces his retirement with a brilliant farewell video pic.twitter.com/rL5bj1LlTy
— Get Italian Football News (@_GIFN) August 2, 2023