Шпетим Дуро: Ова е историска победа на Струга ТЛ!

274

Струга ТЛ синоќа во Подгорица го победи Будуќност со 4:3, во реванш меч од 2.квалфикациско коло во Лигата на Конференции. Па така со севкупни 5:3 успеа да се пласира во следната фаза во ова натпреварување, а таму ќе се сретне со Есперанж, тим од Луксембург.

Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ не го криеше своето задоволство од триумфот на неговиот тим:

“Ова е историска победа на Струга ТЛ, можам да кажам дека е и историска сезона. Станавме шампиони, игравме во финалето на Купот, и сега еве минуваме едно коло во Европа. Тежо меч за нас во Подгорица, посебно ако се знае дека многу рано примивме гол, но важно беше што брзо израмнивме. Имајќи играчи од типот на Ибраими, Радески, Шабани, Бојку…тоа е многу добро за екипата на Струга ТЛ, тие се вистински професионалци и ја носат главната тежина во тимот. Да кажам дека бев загрижен по излегувањето од игра на Мазрекај, но сепак се добро се заврши за нас, успеавме да оствариме голема победа“ истакна Дуро кој во последните три сезони, 2021,2022 и 2023 успева како тренер на Лачи и Струга ТЛ да елиминира во Европа клубови од Црна Гора.

ПретходноМакедонија е комплетна, Шортс се приклучи и порача: Да дадеме се од себе, успехот сам ќе дојде
СледноХаос на трибините на дуелот меѓу Будуќност и Струга, причината е дрес!