Андреј Андоноски: Желни сме да се покажеме, да направиме успех!

137

Андреј Андоноски долго време ја чекаше својата шанса во МЗТ Скопје Аеродром. Се чини ја доби кога требаше, во финишот на сезоната, а дојде со промената на тренерот во нов-стариот шампион на Македонија.

Добрите игри пак му донесоа и повик на младиот крилен играч за присуство на подготовките на сениорскиот национален тим ова лето, и место во оние „последни 12“ кои овој викенд ќе бидат на „контролите“ во Белград, односно пријателските натпревари (5. и 6.август) против селекцијата на Полска.

Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим. Во оваа екипа има, како искусни, така и млади играчи кои што сме желни да се покажеме. И дека доколку добиеме шанса, можеме да направиме успех“– вели Андоноски.

Во овој августовски подготвителен „турнус“ друштво му прават уште некои млади играчи од неговата генерација (2002 година), како Марко Миловановиќ, но и нешто „помладите“ Петар Бошалески и Теодор Симиќ.

Повеќето од нас добро се знаеме. Имаме играно и во некои претходни циклуси од прет-квалификациите. И дека овој период е доволен за да се соединиме. Имаме и некој нов план кој што треба да ни донесе успех“– вели младиот крилен играч во нашата најдобра селекција.

ПретходноШкупи почна да ги нервира Бугарите!!!
СледноЛК: Може ли Шкупи до сензација?!