Белгиецот кој во дресот на Милан имаше очајна сезона, Шарл Де Кетеларе заминува на позајмица во Аталанта и на тој начин ќе се обиде да ја возобнови својата форма.
Младото момче потпиша сериозен договор со Милан, но не се наметна на Сан Сиро, па во Бергамо ќе ја бара старата форма со која и се продаде во Серија А.
Иако беше платен 35.5 милиони евра, сепак, забележа само една асистенција. За него интерес за позајмица покажаа и Астон Вила, Олимпик Марсеј и ПСВ Ајндховен.