Папе Оумар Сисе е новиот напаѓач на Брера Струмица

491

Пред стартот на новата сезона, и премиерниот дуел со тимот на Вардар на домашен терен в недела, тимот на Брера Струмица се пофали со напаѓачот од Сенегал, Папе Оумар Сисе.

Доаѓа од екипата на Авецано каде на 28 натпревари, постигна 4 гола и 5 асистенции. Тој веќе извесен период е дел од екипата на Брера, беше дел и од подготовките во Банско, а менаџментот на клубот на време ги реши административните проблеми па тој може уште од првото коло да биде во стартниот тим.

Брера летово ги ангажираше 23 годишниот дефанзивец Стефан Наумчевски, Александар Ристевски кој дојде од штипска Брегалница, 18 годишниот прилепчанец Андреј Аризанкоски, 19 годишниот напаѓач од Италија Салвадоре Рибаудо и искусниот бразилец Леонардо Антонио. Во меѓувреме ги продолживме договорите и со младите Ѓеоргије Јанкулов и Мартин Ѓоргиевски.

ПретходноЛК: Може ли Шкупи до сензација?!
СледноФФМ Академија, школа за нашата фудбалска иднина