Екс-играч на Барселона e новиот селектор на БиХ

290

Поранешниот фудбалер на Барселона, Мехмет „Мехо“ Кодро е новиот селектор на националниот тим на Босна и Херцеговина. 56-годишниот екс-репрезентативец на БиХ го наследи на позицијата Фарук Хаџибегиќ кој беше сменет по само пет месеци. БиХ го држи четвртото место во групата Ј во европските квалификации со три поени од четири меча, а запиша три едноподруго порази – од Словачка, Португалија и Луксембург.
Легендарниот мостарец најави дека ќе проба да ја врати вербата на навивачите во репрезентацијата и дека целта е пласман на ЕП.
Сакаме екипата да игра квалитетно, имам доверба во нашите играчи. Имаме квалитет за пласман на ЕП без оглед на проблемите во кои се наоѓаме. Треба да ја завртиме приказната и да одиме напред“, изјави Кодро.
Тој ќе дебитира на позицијата на натпреварите со Лихтенштајн и Исланд во септември.

Кодро беше тренер на младинскиот и на „Б“ тимот на Сосиедад, потоа по една сезона на Сараево, Сервет, последен клуб му беше Лозана Оши.

 

ПретходноБазел елиминиран во квалификациите за ЛК, а минатата сезона играше во полуфинале
СледноСкандал во Фламенго пред мечот во КЛ: Тренер тепал играч, па доби отказ