Поранешниот француски репрезентативец Матје Валбуена потпиша едногодишен договор со кипарскиот шампион Аполон од Лимасол. На него му истече договорот со грчки Олимпијакос и тој како слободен играч премина во тимот од Лимасол.
Тоа ќе биде осмиот клуб во кариерата на 38-годишниот халф. Валбуена играше за Олимпик Марсеј, потоа за Лион, потекнува од академијата на Бордо, а играл уште за Либурн, рускиот Динамо Москва и турскиот Фенербахче.
Тој има и 52 настапи за Франција, а беше поврзан со скандалот со Карим Бензема при кој со пријатели се обидувал да изнуди пари од соиграчот Карим Бензема.
Дома Меѓународен фудбал Екс-францускиот репрезентативец Матје Валбуена потпиша за кипарскиот шампион