ЕП У-17: Македонија поразена од силната селекција на Романија

161

 

Македонската женска кадетска ракометна селекција со убедлив пораз тргна на ЕП за ракометарки до 17 години кое се одржува во Црна Гора. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски, попладнево загубија од силната селекција на Романија со 40:27 (23:15), во меч од 1.коло во групата-Д.

Освен на стартот на мечот кога нашите ракометарки достојно резултатски им се спротиставуваа на Романките, беа рамноправни, во текот на преостанатиот дел од средбата се виде дека Романија е одлична селекција. На пауза се замина со 23:15.

Во второто полувреме Романија не ни даде никаква шанса макар да се приближиме резултатски, па така на крајот беше 40:27.

Ива Младеновски постигна 10 голови и беше најефикасна на средбата, додека во нашата селекција за голови расположена беше и Анастасија Трпеска со седум голови.

Утре од 13.30 Македонија се среќава со Унгарија, а во недела од 20:15 часот со Франција во последниот меч од групата – Д на овој европски шампионат за ракометарки до 17 години.

ПретходноВознемирувачко видео: Фудбалер во Костарика изеден од крокодил (ВИДЕО)
СледноШкупи казнет со 42.000 евра, а управата ги обвинува навивачите