Клаксвик испиша историја, само осум земји немале претставник во групна фаза на Европско клупско натпреварување

418

Шампионот на Фарски Острови, тимот на Клаксвик, кој синоќа го елиминира Шведскиот првак Хакен, и на тој начин обезбеди трето коло квалификации за Лигата на Шампионите, е првиот тим од оваа држава кој што ќе биде дел од групна фаза на едно елитно Европско клупско натпреварување.

Доколку испадне од квалификациите за Лигата на Шампионите, тогаш Клаксвик влегува во групната фаза од Лигата на Конференции.

Па така, Фарските острови станаа дел од посебното фудбалско друштво на стариот континент, на држави кои имале клупски претставник во едно елитно натпреварување.

Таму сеуште не биле клубови од Северна Ирска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Малта, Велс, Андора и Сан Марино.

Дел од овие држави навистина немаат моќ и капацитет на клупски план да направат нешто поеќе иако случајот на Клаксвик го демантира ова мислење, а дел како на пример клубовите од Босна навистина е за зачудување како во триесетина години натпреварување во Европа, ниту еднаш не успеаа да влезат во групната фаза.

 

ПретходноДе Кетеларе оди на позајмица во Аталанта
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев на скопското дерби, Трпчевски “главен“ во Струга, Ѓорѓиев ќе му суди на Вардар