Клубовите кои нема да ги подмират обврските нема да се најдат на утрешната ждрепка за новата сезона во ВМФЛ!

1750

Како што информираа во текот на денот од страна на Фудбалската федерација на Македонија, ждрепката за новата сезона 2023/24 во Втората лига ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.

Вообичаено истата ќе се одржи во просториите на ФФМ.

Инаку како што дознаваме, оние клубови кои досега не ги подмириле сите свои обврски, а имало такви, нема да се најдат во барабанот за ждрепката, а со тоа нема ни да учествуваат во новата сезона во нашата втора лига.

Инаку тие средства се за службените лица за наредната сезона, нешто што е вообичаено во последните години.

Последен рок за тие клубови кои немаат платено, ќе биде утре до 10 часот, значи на половина час пред одржување на ждрепката.

Познато е дека во следната 2023/24 сезона треба да се натпреваруваат 16 клубови, е сега колку од нив ќе се најдат во барабанот ќе видиме утре околу 10:30 часот.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев на скопското дерби, Трпчевски “главен“ во Струга, Ѓорѓиев ќе му суди на Вардар
СледноСкопје домаќин на најдобрите светски пинг понгари