Лео ја “запали“ Флорида: Меси со нови два гола за Интер Мајами! (ВИДЕО)

1221

Три меча, пет голови, асистенции…ете, тоа е тоа. Тоа е Лео Меси, најдобриот фудбалер во историјата а сега фановите на фудбалот во САД уживаат во неговите мајстории.

Синоќа во дербито на Флорида против Оралндо, во меч од Лига Купот, Интер Мајами победи со 3:1, а Меси постигма два гола, интересно, имаше и пенал за Интер , но Лео не го шутираше.

Се започна со голот во 7.минута кога прво ја прими топката на гради а после ја “закова“ во мрежата, за 1:0 за Интер Мајами. Во 50.минута со гол од пенал на Мартинез тимот од Мајами поведе со 2:1, за да во 72.минута уште една мајсторија на Лео за конечни 3:1.

На овој меч свое деби имаше и Жорди Алба.

 

ПретходноИнтересен момент во ЛШ: Постигна хет-трик против тимот предводен од татко му
СледноЈуве го “реши“ Реал Мадрид: “Кралевите“ примија гол во 50 секунда…(ВИДЕО)