Вечерва од 19 часот на стадонот „Ѓорѓи Аспарухов“ во Софија, Шкупи ќе му гостува на Левски во реванш средбата од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Ако се знае дека на првиот меч во Скопје беше 0:2 за тимот од Софија, тоа значи дека нашиот евро претставник е речиси во невозможна мисија, посебно ако се знае дека Левски и тоа како е силен тим, дека ќе ја има целатаа поддршка од преполните трибини со фанови кои се “настрвени“ кон се што доаѓа од Македонија.
Тоа што беше во Скопје, пред се мислиме на инцидентите кои беа предизвикани од страна на бугарските фанови, не треба многу да ги оптоварува играчите на Шкупи. Тимот на Чихат Арслан верува во себе, тоа е најважно, не смее премногу да се оптоварува со повиците од трибините а знаеме какви ќе бидат тие, треба само да бидат максимално сконцентрирани на својата игра, на својот настап.
А ако биде така тогаш и тие мали шанси, реално, што ги има Шкупи на вечерашното гостување ќе бидат нешто поголеми. Шкупи ова лето во Литванија кога кај Хегелман победи со 0:5, покажа дека знае и тоа како добро да игра на гости. Секако дека ова е Левски, барем за класа подобар тим имаат Бугарите од Литванците, но во фудбалот се е можно, посебно ако чаирчани во првото полувреме успеат да поведат со 0:1, е тогаш ќе има драми во Софија.
Шкупи во Скопје играчки покажа дека може да се носи со Левски, сепак пресуди искуството, квалитетот па ако сакате и среќата која гостите ја имаа на тони што се вели.
Од Шкупи вечерва посакуваме да одигра максимално, да одигра најдобро што може во моментов, да биде мудар и храбар и се она што ќе му се пружи ако шанса да ја искористи.
Ех, кога би можел да го елиминира Левски, каков сеир би бил тоа.
Да кажеме дека победникот од овој двомеч му оди на двомеч во третата рунда на подобриот од двомечот меѓу Паневезис и Хапоел Бер – Шева.