“Марка“: Модриќ е за плачење, Белингам е невидлив…Мбапе мора под итно да дојде во Реал!

1062

И дефинитивно на Реал Мадрид не му оди ова лето на пријателските мечеви. По оние 0:3 од Барселона, синоќа во САД пораз и од Јувентус со 1:3. И секако дека кога станува за кралскиот клуб, веднаш доаѓаат реакциите и критиките без разлика што ова се само пријателски меч.

Па така “Марка“ излезе со анализа за тоа како и што играа момците на стратегот Карло Анчелоти.

Во неа покрај другото се вели дека потегот на Модриќ, оној кикс во 50.секунда против Јуве бил за плачење. По тој потег Јуве постигна гол толку рано.

Исто така се критикува и Белингам, кој според “Марка“ бил едноставно невидлив на теренот.

Исто така се напоменува дека нека кој гол да постигне и затоа се потенцира дека Мбапе мора под итно да дојде во Реал Мадрид зошто вака нешто не оди како што треба.

ПретходноИ тој е само човек: Меси за малку ќе предизвикаше тепачка по мечот со Орландо! (ВИДЕО)
СледноШкупи почна да ги нервира Бугарите!!!