Струга ТЛ е во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Мината е пречката која се вика Будуќност и тоа на импресивен начин, со две победи, но онаа во Подгорица завреча навистина беше импресивна. Триумф од 3:4 и три гола на Марјан Радески кој сега е херој на стружани.
А тој како и секогаш скромен во своите изјави. Вели дека победата и головите се заслуга на целиот тим, па така за “Спортспорт“, Радески изјави:
“Одигравме одличен натпревар. Сите го дадовме максимумот, од прв до последен. Секако дека сум радосен за овој прв мој хет – трик во европските натпревари, и затоа им благодарам на моите соиграчи кои ми помогнаа дури во три наврати да ја тресам мрежата на Будуќност. Ако не беа тие, секако дека сам тоа немаше да го постигнам. Сепак најважно е тоа што Струга ТЛ оди натаму, тоа е голем успеах за нас во клубот“ вели напаѓачот.
А таму, во таа трета фаза од квалификациите во Лигата на Конференции, Радески и Струга ТЛ ги чека двомеч со Есперанж, тим од Луксембург:
“Следуваат два натпревари со тимот од Луксембург. Јасно е дека Есперанж е одлична екипа, треба да се респектира. Ние треба добро да се подготвиме. Секако дека имаме шанси, но имаме и амбиции да ја минеме и оваа пречка и да се пласираме во плеј – офот, што секако дека тоа ќе биде фантастичен успех“ заврши Радески за „Спортспорт“.