Ништо од чудо во Софија – Шкупи со уште еден пораз од Левски ги заврши настапите во Европа

761

Фудбалерите на Шкупи ги завршија настапите во Европа оваа сезона откако не успеаја да ја надополнат негативата против Левски од првиот меч од 2.квалификациско коло на ЛК одигран во Скопје. Да потсетиме Бугарите славеа со 2:0, а вечерва на преполниот стадион „Георги Аспарухов“ фудбалерите на Шкупи загубија со 1:0 со гол во последните секунди од натпреварот, а тоа значи и елиминација.

Слабо прво полувреме одиграа двете екипи. Прво се закани Левски преку Ел Џемили чиј удар заврши покрај стативата, а дваесеттина минути подоцна Воша се најде во шанса но не погоди. Пред крајот на првиот дел и Цунами се обиде, но Илјази го спаси својот гол.
Во второто полувреме имаше нешто подобра игра и повеќе шанси. Јасно Шкупи мораше да нападне но најдобрите шанси ги имаше во финишот.

Во 89 минута шанса Реналдо Цефас се најде во одлична шанса но неговиот шут со нога го одбрани голманот Андреев. А три минути подоцна повторно Џефас се ослободи од двајца играчи на Левски но одново Андреев го спаси својот гол.

Во десеттата минута од дополнителното време Марин Петков со страшен удар од 20 метри го матира голманот на Шкупи и го заокружи резултатот 1:0.

Шкупи ги заврши настапите во Европа, а Левски оди на мегдан со Хапоел Бер Шева од Израел.

 

ПретходноИ Малтежани пишуваат историја – Хамрун го елиминира 19-кратниот шампион на Грузија
Следно„Пелистерци“ се тестираа меѓу себе – убедливо победи првиот тим