Кристијано Роналдо постигна гол во 87 минута со кој Ал Наср одигра 1:1 против египетски Замалек во меч од Купот на арапските шампиони. Тоа беше последниот меч од групната фаза, а со ова реми Ал Наср го освои второто место во групата Ц и се пласира во четвртфиналето на турнирот.
Во првиот тим играа новите играчи Марсело Брозовиќ и Секо Фофана, а во второто полувреме заигра и Садио Мане.
Ал Наср во четвртфиналето ќе игра против мароканскиот великан Ража од Казабланка.
CRISTIANO RONALDO HEADER GOAL! pic.twitter.com/on1bzQsG4j
— TC (@totalcristiano) August 3, 2023