Скандал во Фламенго пред мечот во КЛ: Тренер тепал играч, па доби отказ

185

Актуелниот шампион на Јужна Америка, Фламенго во помалку напната атмосфера го очекува дуелот со парагвајската Олимпија во осминафиналето на Копа Либертадорес (се игра ноќта помеѓу четврток и петок).
По мечот со Атлетико Минеиро минатиот викенд изби скандал во клубот од Рио де Жанеиро. Напаѓачот на „црвено-црните“ Педро, кого тренерот Хорхе Сампаоли сакал да го внесе во игра во второто полувреме, одбил да оди да се загрева. Тој останал на клупата до крајот на мечот.
По мечот кондицискиот тренер Пабло Фернандез во соблекувалната му удрил три шлаканици на Педро и потоа и со тупаница. Иако подоцна јавно се извинил, Фернандез добил отказ.
А Педро после тоа одбил да дојде на тренинг со образложение дека му било лошо. Прашање е дали напаѓачот кој има 192 меча и 93 гола за Фламенго ќе биде во протоколот на Сампаоли за мечот со Олимпија.

ПретходноЕкс-играч на Барселона e новиот селектор на БиХ
СледноВоска се пофали и со Јован Николиќ