На повидок голем скандал во кошаркарска Европа. Имено како што пренесуваат медиумите во Европа, во пресрет на финалето на Еврокупот во 2021 година, меѓу Монако и Уникс Казан, на еден од судиите, инаку Микола Амброзов од Украина од двајцата негови колеги му било понудено мити од 10.000 долари да суди во корист на тимот од Русија.
Амброцов директно ги обвинува своите колеги Борис Рижик, исто Украинец и Илијас Коромилас од Грција дека тие му нуделе мито со цел малку да се поттурне тимот на Уникс Казан.
Сепак на крајот Монако успеал да победи во тоа финале.