Скопје домаќин на најдобрите светски пинг понгари

51
Најголемиот настан за оваа година – Скопје од 5 до 9 септември
WTT Youth Star Contender Skopje 2023 Меѓународен натпревар на кој ќе настапат некои од најдобрите натпреварувачи во Светот.
Во спортската сала „Јане Сандански” во Скопје од 5-ти до 9-ти септември ќе се одржи меѓународен натпревар во пинг понг на кој веќе се пријавени играчи кои котираат меѓу најдобрите 10 во светски рами.
Во машка конкуренција на еден месец до одржувањето на натпреварот пријавени се Французинот Хуго Дешамп и Чанкг Ју Ан од Тајпеј како 6-ти и 8-мо рангирани, соодветно, додека во женска конкуренција Ли Даун од Јужна Кореја како 5-то рангирана
Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира Пинг понгарската федерација на Северна Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември исто така во Скопје, а официјалниот постер за турнирот е составен од минатогодишните најинтересни моменти дел од турнирот.
Ги покануваме сите љубители на пинг понгот, но и сите оние кои досега не се “сретнале” со овој спорт да присуствуваат на натпреварите. Ветуваме возбудливи удари, поени, сетови и мечеви.ж
За да ги следите пријавите на учесниците и останатите информации кликнете на следниот линк: https://worldtabletennis.com/eventInfo?eventId=2647
ПретходноКлубовите кои нема да ги подмират обврските нема да се најдат на утрешната ждрепка за новата сезона во ВМФЛ!
СледноШтипјани се пофалија со Степаненко од Украина