Познати се судиите за 1.коло во новата 2023/24 сезона во ПМФЛ која стартува во недела. На скопското дерби на Арената, каде се среќаваат Работнички и Шкупи во понеделник, главен судија ќе биде Александар Ставрев. Шампионот Струга ТЛ во одбрана на титулата тргнува против Гостивар на свој терен, овој меч ќе го суди Стојанче Трпчевски.
Брера Струмица и Вардар играат во Струмица, а главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 1.КОЛО – 06.08.2023 (17 Ч)
БРЕРА – ВАРДАР (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)
ВОСКА – ШКЕНДИЈА (Игор Стојчевски – Скопје)
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП (Ндерим Тефику – Куманово)
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС (Јован Качевски – Струга)
07.08.2023
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (Александар Ставрев – Скопје)