Стоперот Валериј Степаненко, инаку интернационалец од Украина е десеттото ново име летово во тимот на Брегалница.
На само неколку дена пред стартот на сезоната, Штипјани доведоа стопер кој веќе неколку дена е дел од Брегалница, а откако стручниот штаб се увери во неговите квалитети, Степаненко и официјално стана дел од „Сините“.
Се работи за релативно млад, 24. годишен стопер кој досега има играно за тимот на Виторул Констанца во Романија.
Претходно во својата кариера Степаненко има настапи и за украинските Александрија и Оболон, казахстанскиот Мактарал, како и тимот на Калев во Естонија.
Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативците на Јамајка, Колин Андерсон и Роналдо Вебстер, Грузиецот Лука Робакидзе, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.