Како што информираа во текот на денот од страна на Фудбалската федерација на Македонија, ждрепката за новата сезона 2023/24 во Втората лига ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.
Вообичаено истата ќе се одржи во просториите на ФФМ.
Инаку како што дознаваме, оние клубови кои досега не ги подмириле сите свои обврски, а имало такви, нема да се најдат во барабанот за ждрепката, а со тоа нема ни да учествуваат во новата сезона во нашата втора лига.
Инаку тие средства се за службените лица за наредната сезона, нешто што е вообичаено во последните години.
Последен рок за тие клубови кои немаат платено, ќе биде утре до 10 часот, значи на половина час пред одржување на ждрепката.
Познато е дека во следната 2023/24 сезона треба да се натпреваруваат 16 клубови, е сега колку од нив ќе се најдат во барабанот ќе видиме утре околу 10:30 часот.