Во текот на подготвителниот период двата тима на Еурофарм Пелистер одиграа пријателски натпревар меѓу себе во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Подобар беше првиот тим на Пелистер кој славеше со 12 гола разлика. Најефикасен во победничкиот тим беше Петар Атанасијевиќ со 8 гола, а кај поразените се издвоија Мијушковиќ и Маркоски со по пет гола.
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 33-21 (14-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Еурофарм Пелистер: Лесјак (5 одбрани), Кизиќ (5 одбрани), Кузманоски 3, Борзаш 2, Кисум 4, Нилсен, Петровиќ 1, Костески 7, Танкоски, Петар Атанасијевиќ 8, Павле Атанасијевиќ 2, Васиљев 3, Ѓорговски 1, Сери, Пешевски 1, Стевановиќ 1, Дејвис
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2: Печурица (5 одбрани), Младенов (3 одбрани), Трсунов, Трпчевски 2, Димовски, Ивановски 1, Југовски 3, Маркоски 5, Мијушковиќ 5, Митревски, Талевски 3, Мирчевски 1, Талевски, Димитровски, Х. Ристевски, Пецаковски 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути