Христијан Мицкоски: Со срце за Вардар, купени 30 сезонски билети

1196

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предмалку преку социјалните мрежи порача дека станува дел од големата акција која во моментов се спроведува од страна на навивачите на Вардар, а таа секако е купувањето на сезонските билети за следната ПМФЛ кампања.

Истата има за цел да му се овозможи на клубот финансиска рехабилитација во моментов, за да ФК Вардар влезе во новата сезона во што подобра состојба.

„Денес купив 30 сезонски билети за ФК Вардар. Да го помогнеме Вардар, да покажеме дека навивачите се тука за најтрофејниот македонски клуб.
Со срце за Вардар!“ – порача Мицкоски.
Нека овој повик на господинот Мицкоски биде поттик и останатите политички фактори да се завземат час поскоро и го решат горливото прашање на најголемиот спортски бренд во Македонија, ФК Вардар.

ПретходноШкупи казнет со 42.000 евра, а управата ги обвинува навивачите
СледноЧелзи има нов голман