Според медиумите во Бугарија, чаирчани почнале да го нервираат домашниот клуб Левски. Имено на техничкиот состанон на двете екипи, гостите од Скопје побарале да играат вечерва, натпреварот започнува од 19 часот, да играат во сина опрема со тоа што демек белата ја заборавиле во Скопје. Исто така тие побарале домашниот состав на Левски да игра во жолта комбинација, како што беше во Скопје.
Ова барање за Левски било неприфатливо, претставниците на овој клуб видно се изнервирале и барале од Шкупи по секоја цена да игра во бела опрема како гостинска екипа.