Јуве го “реши“ Реал Мадрид: “Кралевите“ примија гол во 50 секунда…(ВИДЕО)

534

Убава игра, убава и убедлива победа на Јувентус на пријателскиот меч во САД против Реал Мадрид со 3:1. Посебно треба да се одбележи првиот гол за Јуве кога прво Модриќ направи кикс, сакаше со петта да проигра, а потоа феноменална акција на италијанскиот гигант и со голот на Кеан уште во 50 секунда, дојде во водство.

Веа во 20.минута зголеми на 2:0. Винициус израмни во 38.минута, за да Влаховиќ во судиското продолжение стави точка на мечот со гол за 3:1.

Натпреварот се одигра пред 63.000 гледачи во Орландо.

ПретходноЛео ја “запали“ Флорида: Меси со нови два гола за Интер Мајами! (ВИДЕО)
СледноАјакс купува Португалец од Манчестер Сити