Браво момци: Македонија ја „реши“ Црна Гора за прв триумф на Мундијалот! Сега сме на чекор до главната рунда

508

Одличен настап, одлична игра на нашите ракометари до 19.години и секако убедлив триумф над Црна Гора во вториот меч во групата – Ф на СП за кадети во Хрватска.

Вечерва во Ријека, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ славеа над Црногорците со 29:20 (12:10). Со оваа победа сме на чекор до главната рунда. Интересно е тоа што почетокот беше нервозен, имено во 10.минута на семафорот стоеше само 2:0 за Македонија.

Потоа и Црна Гора се разигра, но бадијала, нашите момци на пауза заминаа со водство од 12:10.

Во второто полувреме уште подобра игра на Македонија, од минута во минута водството се зголемуваше за да на крајот резултатот гласеше 29:20 и прва победа за нашата селекција.

По оној пораз, и тоа во контроверзен меч и пораз од Норвешка на стартот на Мундијалот, се разбира дека тука мислиме на судењето, оваа победа и тоа како добро ќе ни дојде во пресрет на утрешниот дуел со Грузија кој започнува во 17:30 часот. Меч кој треба да се добие, секако.

ПретходноБеса покажа сила… убедлив триумф над Тетекс!
СледноТрансфери во ПМФЛ: Коста Манев во Ѓорче, Селмани потпиша за Гостивар!