Клаксвик од Ф. Острови ја живее својата фудбалска бајка. Клубот веќе е во 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, таму се среќава со Молде, и ако победи ќе игра во плеј – офот во ЛШ а ќе има загарантиран пласман во групната фаза во ЛЕ.
Ако пак биде елиминиран од клубот од Норвешка, тогаш ќе има загарантиран пласман во групната фаза во Лигата на Конференции. Значи и официјално чудото од Ф. Острови наесен ќе игра групна фаза, дали во ЛШ, или во ЛЕ или ЛК, сеедно.
Еден од оние херои на тимот од Ф.Острови е Дени Павловиќ, српски фудбалер, кој за медиумите во Србија кажа навистина нешто интересно.
“На Ф.Острови сите играчи кои играат фудбал работат и некои други работи. Разликата меѓу нашиот клуб и останатите е што има и репрезентативци и странци, но и репрезентативците имаат други работни места. За разлика од останатите клубови во Клаксвик сите играчи се или директори или луѓе на високи позиции во своите фирми, само еден е електричар. Но сите се почитувани поради овие резултати на Клаксвик“.