Македонската женска кадетска репрезентација (У17) по убедливиот пораз од Романија, денеска ќе ја бараат првата победа на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Од 13:30 часот ќе играат против Унгарија која во првото коло доживеа пораз од Франција.
Во оваа група Франција е огромен фаворит и речиси сигурно ќе се пласираат во следната фаза. Македонија ќе мора да покаже сериозна игра и максимална концентрација за победа против Унгарките. Во случај на пораз последниот меч со Французинките ќе биде само формалност.
Meчот може да се следи во живо на https://ehftv.com/home