Искусниот крилен дефанзивец, Томче Китановски е нов играч на српскиот прволигаш Слобода Ужице.
Битолчанецот денеска е промовиран во новиот клуб, а ова му е трет пат како заминува во Србија. Претходно Китановски беше дел и од екипите на Вождовац и Младост Лучани.
Китановски е најавен како големо засилување, и како играч со интернационално но и репрезентативно искуство.