Трансфер на Малдиви: Мики Петровиќ потпиша за Иглс!

811

 

Мики Петровиќ (33) е нов член на шампионот на Малдиви, Клуб Иглс. Ова е уште еден интернационален трансфер на искусниот играч за врска кој некогаш имаше настапи и за нашата репрезентација.

Договорот е потпишан, сега треба да следува и промоцијата на македонскиот фудбалер во таборот на првакот на Малдиви.

Да посетиме дека во Клуб Иглс некогаш играше и Ристе Наумов.

Инаку Петровиќ својата кариера ја започна во Тиквеш, играше и во Победа, како и во Работнички и Вардар, а имаше интернационална кариера во клубови во Романија, Хрватска, Грција, Азербејџан, Србија.

ПретходноКомплетен распоред за сезоната 2023/24 во ВМФЛ, дербито Победа – Пелистер на 2 декември!
СледноГо откачи Наполи и остана во Ленс, па Французите се пошегуваа со италијанскиот првак