Арслан: Во финишот бевме многу подобри од Левски, но не ги искористивме шансите

257

Тренерот на Шкупи, Џихат Арслан изрази задоволство од играта на својот тим на реваншот против Левски и покрај тоа што го загуби дуелот со гол примен во 101 минута. Како што посочи Арслан, малку фалело Шкупи да победи поради одличните шанси во финишот на натпреварот.
Во секој случај, натпреварот беше важен за двата тима. Но, ние отидовме во него со негатива од 0:2 поради поразот во Скопје и се обидовме да им објасниме на играчите дека се е можно и покрај јасната идеја дека силен противник не чека. Се обидовме да ги бодриме, но на крајот не успеавме да го изненадиме Левски. Мислам дека успеавме да се избориме до крај. Но не и да постигнеме резултат“, започна турскиот тренер на Шкупи.

Во последните 15 минути бевме подобриот тим на теренот, имавме 2-3 добри прилики за гол, но не ги постигнавме. На крајот, сакам да му честитам на Левски за победата и да им посакам успех во следната фаза од натпреварот“, изјави Арслан.

ПретходноНови критики за Мекгрегор: Седи на јахта, шмрка кокаин и се заканува во празно
СледноШпанскиот голгетер по 21 година стави крај на кариерата