Бразилскиот крилен фудбалер Лукас Моура по пет години го напушти Тотенхем и одлучи да се врати во Бразил и тоа во клубот во кој ја почна кариерата – Сао Пауло. 30-годишниот фудбалер доаѓа како слободен откако му истече договорот со клубот од „Вајт Харт Лејн“. Моура помина пет години во младинските категории и уште две во сениорскиот тим, па во 2013 година премина во Пари Сен Жермен. Во 2018 година потпиша за Тотенхем за околу 25 милиони фунти.
Моура доаѓа на „Мурумба“ само неколку денови откако за истиот клуб потпиша Хамес Родригез. Сепак, двајцата нема да можат да настапат на двомечот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Сан Лоренцо затоа што измина рокот за лиценцирање.