Во Франција се погласни е приказната дека Луис Енрике ќе го напушти Пари Сен Жермен. Шпанецот размислува за оставка поради одлуката на Килијан Мбапе да не го продолжи договорот со парискиот клуб и тоа што клупското раководство му спрема отказ на Луис Кампос, човекот кој го доведе Енрике на клупата.
Од Кампос, најодговорниот за спортски прашања во францускиот шампион се очекуваше да одигра пресудна улога во расплетот на ситуацијата со голгетерот Мбапе, но младиот играч стои на својата одлука да го напушти ПСЖ. Тој не го продолжи договорот со клубот што значи дека е решен да си оди. Па така Кампос ќе ја плати цената на пропаднатите преговори со младиот фудбалер.
Од францускиот клуб стигнаа деманти. Клупскиот потпарол истакнал дека се работи за „бесмислици“ и дека во тоа нема вистина.