Тимот на Брегалница летово речиси целосно го обнови својот тим доведувајќи десетина нови фудбалери, претежно странци. Очигледно штипјани се решија за тава стратегија во овој преоден рок, а тренерот Горан Здравков е задоволен од она што летово е сработено.
„Минавме навистина добри подготовки преку кои целта беше да се компонира тимот за новата сезона, со оглед и на новите играчи кои сега ги имаме во нашите редови. Формата е темпирана за стартот на новата сезона, но убеден сум дека истата постојано ќе се подобрува низ првенството. Нашата цел се секако квалитетни игри на терен на задоволство на сите наши навивачи“ – вели Здравков.
Брегалница новото првенство го стартува во недела од 17 часот на Градскиот стадион во Штип против добро познатиот ривал, кратовски Силекс.
„Подготвени сме за овој дуел. Изминатиов период неколку првотимци ги измачуваа повреди, но верувам дека ќе бидат подготвени за пресметката со Силекс. Јасно е дека сакаме позитивен старт на сезоната“ – дополнува Здравков