Нови критики за Мекгрегор: Седи на јахта, шмрка кокаин и се заканува во празно

482

Неколку ММА борци критички беа расположени поради однесувањето на Конор Мекгрегор, а тој им одговори со фотографија на јахта. Славниот Ирец води луксузен живот, неколку пати поранешниот шампион се закани дека ќе се врати во октагонот и повторно ќе ја освои титулата, но од тоа, засега, нема ништо.
Последен од критичарите е некогашниот ММА борец Мет Браун.
Конор сака да биде во центарот на вниманието и неговото име да биде во прв план. Зборува работи за кои знае дека нема да се случат. Во овој спорт можете многу да зборувате, меѓутоа морате да имате факти зад себе. Влези и бори се. Конор стекна популарнот зборувајќи глупости. Сега седи на јахта, шмрка кокаин, пие виски и се заканува во празно. Никого веќе не му е грижа што работи“, изјави Мет Браун.
А одговорот на Мекгрегор беше со фотографија:
„Не ме прашувајте ништо, еве ме на моето Ламбурџини“, напиша Мекгрегор фотографиран на луксузната јахта.

ПретходноЕнрике заминува од ПСЖ?
СледноАрслан: Во финишот бевме многу подобри од Левски, но не ги искористивме шансите