Уште еден одличен настап на Димитар Митровски во дресот на Вараждин. Вечерва на гостувањето кај Локомотива, екс младинскиот репрезентативец во 19.минута со убав гол со волеј удар, му донесе водство на својот тим од 0:1. Сепак на крајот мечот заврши со резултат 1:1.
Ова беше негов втор гол во изминатите три кола во ХНЛ за неговиот нов тим.
Да кажеме дека за домашниот состав, свој настап имаше и младиот Фета, кој ова лето од Работнички направи трансфер во Локомотива.
— 123 (@tk9fcjZiRBu1nKN) August 4, 2023