Одбојкарите денеска и утре против Романија ќе направат прва проверка на формата

118

Македонската одбојкарска репрезентација од денеска почнува со првите контроли на формата во пресрет на Европското првенство кое кон крајот на месецот почнува во Скопје. По 20-тина дена интензивни подготовки, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски денеска ќе го имаат првиот контролен тест против репрезентацијата на Романија на дуел од затворен карактер.

Веќе за утре (19 ч.) е закажан и официјален пријателски натпревар во СЦ Јане Сандански со Романците, на кои и навивачите ќе имаат можност да сведочат на текот на подготовките и формата во која се наоѓа нашиот национален тим.

Иако беа планирани три теста со Романија, ќе се одиграат два дуели, по кои ќе следуваат и најавените проверки на формата против селекциите на Јапонија и Израел закажани во салата Јасмин во Кавадарци, каде нашата селекција ќе замине од 9 август.

ПретходноМагдевски: „Контролите“ со Полска се добра шанса да видиме до каде сме и колку можеме
СледноВМФЛ: Пелистер тргнува кај Беласица на гости!