Официјално: Дисаси и Челзи потпишаа договор до 2029 година

104

Сега и официјално. Францускиот централен бек Аксел Дисаси е нов фудбалер на Челзи. Тој доаѓа од редовите на Монако откако „сините“ од Лондон платија 45 милиони евра за обесштетување, а додека фудбалерот стави потпис до јуни 2029 година.
Дисаси е поранешен фудбалер на Ремс, но се прослави во Монако каде што се разви во фантастичен дефанзивец чија специјалност се воздушните дуели. Тој има и 12 гола во 129 меча за Монако што е импресивна статистика за дефанзивец.
Дисаси е петтиот нов фудбалер во Челзи ова лето по Анжело од Сантос, потоа Николас Џексон од Виљареал и Кристофер Нкунку од Лајпциг.
„Стемфорд Бриџ“ го напуштија Каи Хаверц, Мејсон Маунт, Матео Ковачиќ, Калиду Колибали, Кристијан Пулишиќ, Едуард Менди, Робен Лофтус Чик, Етан Ампаду, Нголо Канте, Сезар Аспиликуета, Абдул Рахман Баба и Пјер Емерик Обамејанг.

ПретходноДенеска на терените: Кадетките на мегдан со Унгарија на ЕП 2023
СледноФАНТАСТИЧНИ 20 110 146,00 ДЕНАРИ МУ ДОНЕСЕ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА Д.А. ОД ТЕТОВО