Сепак Струга ТЛ својот прв меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе го игра во Македонија, но на ФФМ. Имено познато е дека Арената е затворена, па УЕФА се согласи овој меч, кој е закажан за 10 август, да се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје и тоа со почеток од 17 часот.
Кога сме кај овој натпревар да кажеме дека ќе го суди судиска четворка од Данска.
Главен судија ќе биде Јакоб Александер Сундберг, а него ќе му помагаат неговите сонародници Дениз Јурдакул, Даниел Ногард и Ласе Лебел Грагард. Познато е дека реваншот се игра на 17 август во Луксембург.