СП: Кадетите на мегдан со Црна Гора!

261

Македонската кадетска машка ракометна репрезентација денеска ги продолжува своите настапи на СП за играчи до 19 години кое се одржува во Хрватска. Мечот против Црна Гора започнува во 19.30 часот.

Секако дека после поразот на стартот на Мундијалот од Норвешка во една контроверзна завршница, со некои чудни судиски одлуки по што РФМ вложи и жалба, вечерва избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ќе мора да одат на се или ништо. Само победа ни одговара, во спротивно ќе играме во “Президент Купот“ ако и вечерва, во вториот меч во групата –Ф, бидеме поразени.

Македонија ако победи тогаш сами си ја кроиме судбината за пласманот во главната фаза, тогаш ќе ни треба победа над Грузија во последниот меч во групата.

Секако дека очекуваме од момците уште еднаш да одиграат максимално ангажирано и на победа.

ПретходноГо откачи Наполи и остана во Ленс, па Французите се пошегуваа со италијанскиот првак
СледноНФЛ легендата Том Брејди стана сопственик на Бирмингем Сити