Во недела стартува новата сезона во ПМФЛ а екипите брзаат да ги засилат своите редови иако летниот преоден рок трае до крајот на август.
Па така Коста Манев, некогашниот фудбалер на Вардар и Брера Струмица,се договорил со Македонија ЃП и се очекува неговата промоција. Тоа секако дека ќе биде големо засилување во одбраната на “лавовите“.
Исто така дознаваме дека Гостивар доби екстра засилување во нападот и тоа во името на Ремзифаик Селмани. Тој веќе потпиша со овој тим и веќе почна со тренинзи.
Селмани доаѓа од таборот на шампионот на Албанија, тимот на Партизани, играше и за Ренова и Шкендија во ПМФЛ.