Феенорд го претстави своето рекордно засилување

290

Холандскиот шампион Феенорд го собори својот трансферен рекорд со ангажманот на напаѓачот на Серкл Бриж, Асе Уеда. Се работи за 24-годишен јапонски репрезентативец за кого се платени 10 милиони евра.
Минатата сезона во белгискиот шампионат Уеда на 42 натпревари постигна 23 гола. Уеда има 15 настапи и еден гол за Јапонија, а пред да дојде во Европа играше за Кашима Антлерс.
Со овој трансфер Феенорд го собори клупскиот рекорд, а претходниот изнесуваше 8,5 милиони евра платени за Давид Ханчко од Спарта Прага во 2022 година.

ПретходноЉубов кон својот клуб, за четири часа распродаден Пољуд, Хајдук ќе го пречека ПАОК пред полни трибини
СледноЗдравков: Минавме квалитетни подготовки, сакаме позитивен старт на сезоната против Силекс